Печати

Спортисти на годината

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams dekan i nikola w

Во организација на Агенцијата за млади и спорт, Сојузот на спортски федерации и со учество на медиумите се одржа спортската манифестација „ИЗБОР НА СПОРТИСТИ” каде беа прогласени најдобрите за изминатава година.

Капитенот на европскиот ракометен шампион и македонски репрезентативец, Стојанче Стоилов и македонската репрезентативка во карате, Пуликсенија Јовановска беа прогласени за најдобри спортисти за 2019 година.

Стоилов не беше присутен на доделувањето, а наградата ја прими тренерот на Вардар јуниор, Столе Петрушевски.

Јовановска во изборот на најдобра спортистка победи благодарение на освоеното петто место во кати и на доделувањето изјави дека тоа што го ветила го исполнила.

- Кога бев прогласена за најдобра млада спортистка пред неколку години, дадов ветување дека пред мене е период каде што ќе работам уште повеќе и максимално ќе се посветам на постигнување високи резултатите.Со оваа награда, едно е сигурно, а тоа е поголемиот мотив за уште поголеми успеси. Резултатите ги постигнав благодарение на совети од мојот тим, селекторот и поддршката од моите родители – изјави Јованоска.

За најдобри млади спортисти беа избрани -Миа Тодорова во кик бокс, за двете освоени 3-ти места на европско и светско за јуниори и Бесир Алили за освоено 1-во место на ЕП во борење за кадети.

Најдобра репрезентација во машка конкуренција беше прогласена одбојкарската репрезентација, која за прв пат настапи на едно европско првенство, а за капитенот на одбојкарската репрезентација, Никола Ѓорѓиев му беше врачена наградата за посебни достигнувања во спортот за 2019 година. Во женска конкуренција беше прогласена женската ракометна репрезентација.

Во категоријата најдобар тренер-селектор, наградата ја освои Сашко Арсовски, кој е селектор на македонската карате репрезентацијата.

За најдобра спортска федерација беше прогласена ракометната федерација, а наградата му беше доделена на претседателот, Живко Мукаетов.