Печати

Мотив, цел и пасија: Пат до успехот со Висенте дел Боске

вклучено . Објавено во Соопштенија

амс дк и вдб

Агенцијата за млади и спорт во соработка со Универзитет ФОНорганизираше гостување на еминентниот фудбалски стратег, освојувач на Лига Шампиони, Европско првенство, Светски и Интерконтинентален куп, долгогодишниот водач на Реал Мадрид и шпанската репрезентација, Висенте Дел Боске.

Своите лични искуства, совети и препораки денес пред преполната сала на универзитетот ФОН ги пренесе на фудбалските стручни лица, тренери, спортисти и спортски работници од државава. Тој во својот говор ја откри неговата животна приказна, тајните на неговата кариера,  како и клучните правила кон успехот во фудбалот и спортот воопшто.

амс дк дел боско