Печати

ЈАВЕН ПОВИК За избор на претставници во Советодавниот Одбор на РИКО

вклучено . Објавено во Соопштенија

Врз основа на Меѓународниот договор за воспоставување на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан (РИКО), Сектор млади, врз донесената Одлука од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт, се објавува

ЈАВЕН ПОВИК

За избор на два претставници во Советодавниот Одбор на РИКО

Агенцијата за млади и спорт ги повикува сите млади лица на возраст од 15 до 29 години да се пријават на јавниот повик за избор за два претставници во советодавниот одбор на РИКО, согласно со утврдените критериуми, кој ги содржат следниве точки:

Критериуми:

  1. Да е номиниран од страна на граѓанска организација која што делува на територија на Република Северна Македонија;
  2. Да има експертиза во најмалку 1 од следните области:
    1. Интеркултурен дијалог
    2. Младински политики
    3. Помирување
    4. ЕУ интеграции
    5. Младинско учество
  3. Да има најмалку 5 години искуство во граѓанскиот сектор / младински програми;
  4. Да не е член во други тела на РИКО;
  5. Добро познавање на контекстот за потребите на младите во регионот;
  6. Познавање на граѓанскиот сектор;

Дополнителни критериуми:

  1. Добро да го владее англискиот јазик, (говор и пишување);
  2. Да има добри комуникациски способности и способности за застапување и лобирање;
  3. Искуство во спроведување на истражување, ќе се смета како предност.

Потребни документи за пријавување:

  1. Пополнета пријава
  2. Кратка биографија
  3. Писмо за номинација од матичната граѓанска организација
  4. Листа на референции (најмалку 3 референции)
  5. Други релевантни документи во согласност со повикот

По завршување на јавниот повик предвидени се три фази на селекција: 1. Техничка проверка на документација, 2. Пред селекција врз основа на критериумите и 3. Интервју со подобни кандидати за номинација.

Што подразбира членството во Советодавниот Одбор;

1. Членовите имаат мандат од времетраење на 2 години со право на реизбор;

2. Членовите ги избира Управниот Одбор на РИКО врз база на предлог од комисијата создадена во рамките на АМС;

3. Редовно учество на состаноците на Советодавното Одбор (кој подразбира и патување во странство), предвидени се најмалку 2 работни средби годишно;

4. На своја иницијатива или по налог на Управниот Одбор Советодавниот Одбор спроведува истражувања или проценка за прашања во кои се во надлежност на РИКО;

5. По потреба може да формира работни групи од членови и експерти, по препорака од Управен Одбор

6. Советодавниот Одбор поднесува извештај до Управниот Одбор и Генералниот Секретар на РИКО

7. Работата на членовите на Советодавниот Одбор е доброволна и за тоа не добиваат надоместок. РИКО ги покрива патните трошоци и трошоци за сместување и исхрана кога се повикуваат да присуствуваат на состаноците.

Апликантите своите пријави треба да ги достават во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката “не отворај”, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот.

КРАЕН РОК за пријавување: 29.10.2020 година до 16:00 ч.

Адресата на која треба да се пријави е:

Агенција за млади и спорт

Сектор млади

Ул. Македонија 38, 1000 Скопје (Палата “Панко Брашнаров”)

Со назнака “за Јавен повик за избор на двајца претставници во советодавниот одбор на РИКО”

Или лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт најдоцна до 29.10.2020 година (четврток), до 16:00 часот.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите."> секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот, или во просториите на Агенција за млади и спорт, Сектор млади.


Јавниот повик ќе трае од 19.10.2020 до 29.10.2020 година (четврток), до 16:00 часот.

НАПОМЕНА: Организациите чиј претставник ќе биде избран во Советодавниот Одбор немаат право на учество како апликант или партнер, за финансиска поддршка од РИКО.

Поради состојбата со КОВИД 19, потребно е пополнетите апликации да ги испратите не официјалната електронска адреса на Агенцијата за млади и спорт:

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. 

Електронска пријава