Печати

Агенцијата за млади и спорт претседаваше со Управниот одбор на РИКО

вклучено . Објавено во Соопштенија

naumce

Денес,директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски одржа онлајн состанок на десеттиот Управен одбор на Канцеларијата за Регионална младинска соработка (RYCO).

-       КОВИД-19 пандемијата го промени целокупното функционирање, но тоа нема да промени многу во заложбите и нашата улога на главни фасилитатори и поддржувачи на младинските политики што се дел од Берлинскиот процес за земјите од Западен Балкан, како и нивна имплементација во агендата на реформите и општествените процеси во нашите држави, истакна Мојсовски.

Тој додаде дека е потребен инклузивен пристап на решавањето на проблемите и предизвиците пред кои сме поставени , тимска работа и креирањето на Советот на младите при Агенцијата  за млади и спорт, преку кој организациите и индивидуите кои работат на унапредувањето на младинските политики во нашата држава заедно ќе стигнат до најсоодветните решенија под мотото "од младите за младите".

Физичкото дистанцирање многу лесно може да премине и во социјална изолација, посебно кај младите кои ги немаат финансиските ресурси кои овозможуваат приклучување кон дигиталната трансформацијаод таа причина, потребно да се изнајдат начини како најранливите категории на граѓани (а посебно младите од овие категории) да ја добијат најсоодветната поддршка од нашите институции. И не е само дигитализацијата еден од предизвиците - тука е и соочувањето со разните аспекти на менталното здравје на младите во вакви, посебни услови во време на пандемија и дистанцирање.

-       Процесот RYCO за сите нас е регионален механизам за промовирање на мобилност, разновидност, помирување, демократски вредности, учество, активно граѓанство и интеркултурно учење но и наоѓање заеднички решенија за предизвиците. Тоа е наша одговорност денес, утре и во целиот наш заеднички мандат, преку здружување на силите во мултилатерален пристап да им овозможиме на нашите општества и нашата младина да се здружат во заеднички вредности и да се движат напред, додаде Мојсовски.