Печати

Размена на мислења поврзани со младински политики

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

ams naumce
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски присуствуваше на Панел дискусијата организирана од страна на Министерството за Надворешни работи во рамките на заедничкото претседателство на Република Северна Македонија и Република Бугарија со Берлинскиот процес 2020 на тема - Размена на мислења поврзани со младински политики во функција на нивно адекватно рефлектирање во финалните документи за берлинскиот процес.

"Ние како влада, остануваме посветени на визијата на младите и ги поддржуваме во секој аспект. Нивните амбиции кои ги споделуваат новите вредности, можат да бидат придонес кон Европеизација на државата.
Младите се тие кои ги направија, ги прават и ќе ги прават промените и како такви, мора да се вклучуваат во процесите на донесување на одлуки, на иста маса заедно со институциите на системот и сите заеднички да го подобриме статусот на младите луѓе во општеството водејќи се од максимата дека младите знаат што е најдобро за нив, што е впрочем и наша врвна заложба како АМС, изјави директорот Наумче Мојсовски".