Печати

Работна средба на Мојсовски со претставници на ОБСЕ

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

Средба ОБСЕ

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, придружуван од Советниците на премиерот Заев, Ѓорги Тасев и Милан Живковиќ, денеска оствари работна средба со шефот на одделот за човекова димензија на Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, Алесио Ѕукарини и Јасмина Тодоровска Митева, национален програмски офицер.

На средбата се разговараше за процесот на имплементација на Законот за младинско учество и младински политики, воспоставување на регистарот на младински организации, воведување на службеник за млади во

секоја институција, како и подготовката на прирачникот за функционирање на локалните младински совети.

Шефот на одделот за човекова димензија на Канцеларијата на ОБСЕ, Алесио Ѕукарини истакна дека Агенцијата за млади и спорт ја гледаат како стратешки партнер и очекува во наредниот период заеднички да се спроведат активности со цел унапредување на положбата на младите.

Директорот Мојсовски потенцираше дека ќе ги поддржува младите во секој поглед и дека Агенцијата за млади и спорт е целосно посветена на вклучување на младите во процесот на донесување на одлуки и реализирање на сите предвидени политики и програми.