Печати

Директорт Мојсовски на средба со претставници на Националниот младински совет

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

амс Средба НМСМ

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска оствари работна средба со претставницитена Националниот младински совет, Бојан Петровски и Влатко Костовски.

На средбата Мојсовски ги презентираше приоритетите на АМС во периодот што претстои како што се имплементација на Законот за младинско учество и младински политики, воспоставување на регистар за млади, определување службеник за млади во секоја институција на национално и на локално ниво, изработка на нова стратегија за млади и акциски план, формирање на совет на млади во рамки на АМС и започнување на процесот зa формирање на локални младински совети.

Покрај тоа, директорот потенцираше дека соработката, дијалогот и заедничкото креирање на младинските политики е врвен приоритет на агенцијата и тоа е клучно за унапредување на положбата на младите и дека Националниот младински совет е важен партнер на АМС во спроведувањето на младинските процеси и активности

Претставниците од Националниот младински совет ги поздравија заложбите на директорот Мојсовски и Агенцијата за млади и спорт и нагласија дека НМСМ како најголемо претставнички тело на младите ќе даде сериозен придонес во креирањето и имплементацијата на младински политики и очекува Агенцијата да биде вистински партнер и поддржувач на младите и младинските организации.