Печати

Работна средба на директорот Mojсовски со претставници од младинската организација ЦИД

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

ams nm

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски придружуван од заменикот директор, Авни Рустеми, имаше работна средба со претставници намладинската организација Центар за интеркултурен дијалог“ од Куманово.

На средбата директорот Мојсовски истакна дека агенцијата овозможува вклучување на младинските организации во процесите на донесување одлуки и тие ќе бидат консултирани за сите важни прашања од интерес за младите. Покрај тоа, тој потенцираше дека АМС ќе поддржува развој на младинска инфраструктура согласно Законот за младинско учество и младински политики со цел подобрување на стандардот на младите и младинските организации.

ams nm cid

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски придружуван од заменикот директор, Авни Рустеми, имашеработна средба со претставници намладинската организација Центар за интеркултурен дијалог“ од Куманово.

На средбата директорот Мојсовски истакна дека агенцијата овозможува вклучување на младинските организации во процесите на донесување одлуки и тие ќе бидат консултирани за сите важни прашања од интерес за младите. Покрај тоа, тој потенцираше дека АМС ќе поддржува развој на младинска инфраструктура согласно Законот за младинско учество и младински политики со цел подобрување на стандардот на младите и младинските организации.

Претставниците од ЦИД го споделија нивното досегашно искуство со работата на младинскиот центар „МултиКулти“ кој е активен повеќе од 10 години и нагласија дека е потребно надлежните институции да се фокусираат на обезбедување на што поголем број на достапни простори за млади, развивање на квалитетни програми и содржини кои ќе бидат од интерес за младите луѓе.

За крај, се разговараше за идна заедничка соработка во делот на намалување на говорот на омраза меѓу младите луѓе и развивање на интеркултурен дијалог.