Печати

Директорот Мојсовски на средба со новиот претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Даниел Димевски

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

ams MOK

Директорот Наумче Мојсовски во просториите на Агенцијата за млади и спорт одржа работна средба со новиот претседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, Даниел Димевски и му посака многу успех во извршувањето на новата должност со надеж за плодна и успешна соработка.

На работната средба се разговараше за продлабочување и унапредување на соработката меѓу АМС, МОК и спортските федерации, за моменталната спортска ситуација, носењето на нова спортска легислатива, но и за заеднички проекти, реформи и иницијативи кои ќе го подобрат статусот на спортистите и спортот и ќе креираат спортски амбиент со кои ќе постигне повисок спортски стандард.