Печати

Работна средба на директорот Мојсовски со претставници на Асоцијацијата за едукација „Младиинфо Интернационал“

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

ams mladiinfo

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски придружуван од Советниците на премиерот Заев, Ѓорги Тасев и Милан Живковиќ, денеска оствари работна средба со претставници на Асоцијацијата за едукација „Младиинфо Интернационал“

На средбата Мојсовски ги образложи приоритетите и активностите на Агенцијата кои ќе се реализираат во наредниот период и потенцираше дека младите и младинските организации ќе се вклучуваат во сите процеси на донесување на одлуки. Покрај тоа, директорот нагласи дека дијалогот и и соработката со младинските организации е врвен приоритет и ќе се гарантира вклученоста на младите во работата на институциите и политиките кои ги носат.

Претставниците од „Младиинфо Интернационал“ги поздравија заложбите на директорот и ја изразија волјата и подготвеноста од нивна страна за да бидат дел од процесот на донесување одлуки и активно да учествуваат во креирање решенија од интерес на младите.