Печати

Европска бронза за македонскиот бокс

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

ams naumce azemi

Бронзениот медал на Ардијан Аземи, на Европското првенство за младинци, кое минатата недела се одржа во Будва е вистински начин за Одбележувањето на половина век од манифестацијата Златен гонг.

По тој повод Агенцијата за млади и спорт организираше прес конференција, на која покрај директорот Наумче Мојсовски, свои обраќања имаа и заменик директорот на АМС Авни Рустеми, претседателот на боксерската федерација Примислав Димовски, и освојувачот на бронзениот медал Ардијан Аземи.

ams pres grupna boks

-      Паузата во освојување на Европски одличја е навистина долга, и од таа причина бронзата на Ардијан влева надеж за враќање на боксот онаму каде што му е вистинското место, на врвот на спортовите во нашата земја, а неговите 17 години се доказ дека популарноста на боксот се враќа кај младите, истакна Мојсовски.

Тој додаде дека поддршката која Агенцијата за млади и спорт ја обезбедува за Боксерската федерација, како и посветеноста во работата на челниците на федерацијата, на чело со претседателот Примислав Димовски, ќе обезбедат услови за спортување на млади боксери кои еден ден ќе станат: Русески, Мумин, Димовски…

-      Наше задоволство е да ги почитуваме младите спортисти, додека како институции гарантираме поддршка за успехот на секој спортист во нашата земја, бидејќи шампиони како Ардијан Аземи и многу други, ја прават нашата земја позната низ целиот свет, истакна Авни Рустеми, заменик директор на АМС.

Стипендистот на АМС Аријан Аземи изрази благодарност до Агенцијата за млади и спорт, членовите на стручниот штаб, потенцирајќи дека освоениот медал е мотив повеќе за понатамошна посветеност, која ќе биде ставена на тест на претстојното светско првенство закажано за Април 2021 во Киелце.

-      Иако боксот во државава имаше поддршка во изминатиов период, резултатите изостануваа, и од таа причина сум посебно горд на освоениот медал на Аземи, истакна Примислав Димовски, претседател на боксерската федерација.

Тој додаде дека верува во континуирана успешна соработка и со новиот директор на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.