Печати

Директорот Мојсовски оствари работна средба со претставници на Сојуз на извидници

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

ams i

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски оствари работна средба со претставници на Сојузот на извидници, кои го запознаа директорот со тековните активности, како и со целокупната програма на делување која има за цел да ги развива општествените потреби на младите и да го гради нивниот карактер врз база на позитивните извиднички вредности и принципи.

Директорот Мојсовски изрази поддршка за активностите на Сојузот на извидници, како и за нивниот значаен придонес за градење на квалитетни и општествено одговорни млади. Тој нагласи дека наредниот период дијалогот и соработката со граѓанските организации е негов врвен приоритет и дека е AМС е отворена за креирање квалитетни програми и политики.