Печати

IN MEMORIAM

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sabri

По кратко боледување на 30.10.2020 година, почина Сабри Алими еден од нашите најдобри познавачи на националното и меѓународно спортско право, кој повеќе од две децении придонесуваше за градење на регуларност во националниот спортски систем. Безрезервно надградувајќи ги и упростувајќи ги процедурите и стандардите за примена на националното закондоавство во спортот. Тој исто така даде сериозен придонес во креирањето на регулативте со кои се уредува дејноста спорт во однос на правата на спортистите, клубовите и национланите спортски федерации, работејќи на обезбедување на награди и призанија за најдобрите, ставајќи ги во живот и примена на Националното спортско признание – спортска пензија, Државната наградата „8 Септември“, Спортисти од светска и меѓународна категорија и Спортист спортска надеж.

Сабри Алими, имаше и богата спортска кариера настапувјќи за повеќе клубови, а фудбалот го практикуваше до последните денови на својот живот.

АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ