Печати

Локални младински совети, реконструирање и ставање во функција

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

ams s

Директорот Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, заедно со заменик директорот Авни Рустеми одржаа работен онлајн состанок на кој се разговараше за формирањето на локалните младински совети, нивно реструктуирање и ставање во функција согласно Законот за младинско учество и младински политики.

На состанокот присуствуваа претставници на општините Карпош како и Градоначалникот Стефан Богоев, Битола, Прилеп, Струмица, Чаир и Тетово, ЗЕЛС, како и стратешкиот партнер на АМС, Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На средбата се потенцираше важноста од формирањето и функционирањето на локалните младински совети преку кои ќе се зајакне позицијата на младите во општината, ќе се унапредат младинските политики на локално ниво, ќе се зголеми учеството и вклученоста на младите во процесите на донесување на одлуки, но и ќе се придонесе за уште поголем развој на заедницата. Исто така, АМС во и Мисијата на ОБСЕ во Скопје наскоро ќе издадат Прирачник за локалните младински совети, кој ќе биде практична алатка за основањето и работата на Локалните младински совети.