Печати

Донација од страна на АМС за Домот за деца без родители "11 Октомври"

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Денеска, 02.11.2012 година,  директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Лазар Поповски, го посети Домот за деца без родители 11 Октомври.Целта на оваа посета беше донација на спортски реквизити, односно две пинг-понг маси, шест пинг-понг сетови, 36 пинг-понг топчиња, четири фудбалски топки, четири кошаркарски топки, по две ракометни и одбојкарски топки, два дигитални фото-апарати, една дигитална камера, шест шаховски табли, четири домино сетови, четири “Guess who adult” социјални игри, како и еден мини систем ДВД.

Директорот Поповски нагласи дека  овој проект за доделување на спортска опрема на оние кои им е најмногу потребно, кој го спроведува Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи и во следните неколку недели.

Проектот за доделување на спортска опрема на оние на кои им е најпотребна ќе продолжи понатаму, односно и во следните неколку недели. Бидејќи да се спротува значи да се почитуваат вистинските вредности, а тука има многу деца кои сега тренираат во спортски клубови и се љубители на спортот. Се надева дека со оваа донација нивната љубов и страст кон спортотќе се зголеми-рече Поповски.

Директорката на Домот за деца без родители 11 Октомврки Ристенка  Атанасова, потврди дека децата кои се сместени во овој дом се спортски активни. Атанасова смета дека со оваа донација ќе се зголеми нивната љубов кон спортот.

Нашата соработка со Агенцијата за млади и спорт ќе продолжи и понатака. За 10 работни дена ќе започнеме и со реализацијата на проектот за спортски едукатор каде стручно спортско лице ќе биде директно вклучено во секојдневниот живот на децата. Спортскиот едукатор ќе има за цел да ги мотивира децата и да води грижа за нивниот спортски профил-додаде директорката Атанасова.