Печати

Почетоците на таеквондото во Македонија

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

ams priem t

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски заедно со претседателот на Македонската Таеквондо Федерација д-р Борче Костовски оствари средба со г-дин Миодраг Стајиќ, човек кој во 1971 година за прв пат ја запознал македонската спортска јавност со корејската боречка вештина таеквондо, носител на црн појас во таеквондо и џиу џицу.

ams priem bk t

Таеквондо клубот кој бил под водство на Миодраг Стајиќ функционирал во салата Партизан во Чаир, тој постоел четири години и за жал згаснал, но секако оставил белег со тоа што спортската јавност за прв пат се запознала со врвот на ножната техника или боречкиот спорт Таеквондо.

За почетоците на оваа врвна боречка вештина во држава, но и за сите случувања поврзани со таеквондото во бившите ЈУ простори, зборуваше Миодраг Стајиќ, а од сите настани има документирано исечоци од печатени медиуми и фотографии, некои постари од половина век.

За неговиот придонес за зачеток на таеквондото во Македонија, директорот Мојсовски му врачи плакета од Агенцијата за млади и спорт, а со плакета го наградија и претставниците од федерацијата.

ams taek crno belo