Печати

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

namuce 1

Во среда, 3 март 2021 година, во МладиХабво Скопје, Наумче Мојсовски, Директор на Агенцијата за млади и спорт(АМС) и Бојан Петровски, Претседател на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) како најголемо претставничко тело на младите и младинските форми на организирање од Северна Македонија, потпишаа Меморандум за соработка. Истиот има за цел да ја зајакне соработката помеѓу АМС и НМСМ кон унапредувањето на статусот и положбата на младите во Северна Македонија.

Согласно склучениот меморандум, соработката помеѓу АМС и НМСМ ќе се однесува на заеднички активности за унапредување на младинските политики и младинското претставување во процесите на донесување на одлуки преку:

-         соработка при избор на младински претставници во советодавни и управни домашни и меѓународни тела и органи;

-         заедничка реализација на консултативни процеси, обуки, тренинзи, конференции и тематски работилници со млади и младински форми на организирање;

 

-         подготовка и спроведување на заеднички иницијативи за обезбедување на донации и проекти и организирање на заеднички активности и настани.

Дополнително, АМС и НМСМ ќе продолжат заеднички да го препознаваат и валоризираат трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања преку доделување на Наградата за младинско учество.

naumce 2

 

На настанот, Наумче Мојсовски,Директор на Агенцијата за млади и спорт (АМС) истакна „Агенцијата за млади и спорт покажува и докажува дека секогаш е партнер на младите луѓе и младинските организации и ќе настојува сите прашања и процеси врзани со младите луѓе да ги решава заедно, на иста маса со младите, затоа што тие знаат што е најдобро за нив.Со овој меморандум се обрзуваме на заедничкo навремено и ефикасно спроведување на активности и имплементација на проекти од интерес и значење за младите, младинските политики и унапредувањето на статусот и положбата на младите во Северна Македонија. Ќе работиме на креирање нови и модерни политики, стратегии за млади, ќе учиме едни од други и заедно ќе растеме. Преку сите механизми, договоривме редовна соработка со Националниот младински совет, ќе ги консултираме и активно ќе учествуваат во процесите врзани со младинските политики. Соработката помеѓу АМС и НМСМ ќе се однесува на заеднички активности за унапредување на младинските политики и младинското претставување во процесите на донесување на одлуки “.

Бојан Петровски, Претседател на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), посочи „Ја поздравуваме соработката со Агенцијата за млади и спорт, и тоа што НМСМ го препознаваат како претставничко тело на младите и сериозен партнер во сферата на младинските прашања и политики. Со овој Меморандум нашата соработка се зајакнува, а на младите им се обезбедува значајно учество во процеси за креирање политики, и носење на одлуки кои ги засегаат“.