Печати

ОГЛАС за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

logo ams

ОГЛАС  за финансиска поддршка на здруженија и фондации

ОГЛАС

за финансиска поддршка на здруженија и фондации

 

Распределбата на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година (Раздел 16101 – Агенција за млади и спорт, Потпрограма 30 – Млади, ставка 463 – Трансфери до невладини организации) наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации, ќе се врши согласно Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите ( бр. 01- 2683/1 од 06.11.2018 година), Измената на Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите (бр. 12-291/1 од 29.01.2019 година), Измената на Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите (бр. 12-2514/3 од 05.11.2019 година), Измената на Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите (бр. 12-444/1 од 05.02.2020 година) и Програмата за финансиска поддршка на проекти од областа на младите на младинските организации, организациите на млади и младински чадор организации за 2021 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија, под бр.40-126/1 од 12 јануари 2021 година. Распределбата ќе се врши врз основа на Одлука на директорот на Агенцијата за млади и спорт, на предлог на Комисија формирана од директорот на Агенцијата за млади и спорт.

1. Видови на проекти кои ќе бидат поддржани

 

Средствата од Буџетот на Агенцијата за млади и спорт во вкупен износ од 3.000.000,00 денари, ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, преку финансиска поддршка за програми (проекти) на следниов начин:

Редовна постапка: Финансиската поддршка не надминува повеќе од 300.000 денари од предлог буџетот во проектот, од обезбедените финансиски средства во вкупна висина од 3.000.000 денари во следниве приоритетни тематски области:

  Опис на областите
  Младинско учество
  Младинска работа
  Младинско информирање
  Квалитет на живот
  Вработување и поддршка пред вработување
  Здравје
  Култура

За оставрување на следните цели

  Опис на целите
  Зголемен број на изворни младински иницијативи и здружувања
 

Препознавање на младинската работа како клучна алатка за

помагање на позитивниот личен и социјален развој на младите

 

Достапност и транспарентност на информации од интерес на

младите за остварување на нивните потреби

  Обезбедување на квалитетна еколошка средина
 

Младите како проактивни и креативни партнери во процесот на

надминување на невработеноста

  Младите во креирање и спроведување на културните политики
  Намалување на ризичното однесување и насилсво кај младите

 

2. Временска рамка и вкупно предвидени/достапни средства

     

Средствата ќе се доделуваат еднократно за 2021 година. Рокот за реализација на проектот е од 1 до 12 месеци од денот на потпишувањето на договорот со Агенцијата за млади и спорт.

 

3. Основни организациски критериуми

Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите што учествуваат на овој оглас се:

  1. Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации;

Работат не помалку од една година од денот на нивното регистрирање во Регистарот на други правни лица при Централниот регистар на Република Македонија, пред денот на ојавување на повикот

  1. Во последниот наративен извештај имаат спроведено минимум 2 активности со или за млади
  2. Работат со млади и чии активности се однесуваат на младите и имаат искуство во реализација на програми или активности со млади на локално, регионално, национално или меѓународно ниво
  3. Спроведуваат активности што се однесуваат на развој на статусот на младите во општеството, остварување на правата и обврските на младите, едукација, унапредување на статусот на маргинализираните групи на млади лица, потикнување на критичната мисла кај младите, потикнување на научни и истражувачки активности кај младите и младинската работа
  4. Не спроведуваат активности кои содржат елемнти на говор на омраза, потикнуваат насилство, меѓуетничка нетрпеливост или дејствуваат спротивно на Уставот и правните норми во Република Македонија

4. Проценка на квалитетот на проектите

Проценката на квалитетот на проектите на здруженијата и фондациите кои ги исполнуваат основните организациски критериуми, ќе се врши врз основа на следните општи критериуми:

Области  
1. Организациски капацитети  
  1. 1.предлог проектот да е во согласност со мисијата и целите на субјектот –
предлагач
 

1.2. субјектот – предлагач да има соодветно искуство од минимум 1 (една)

година во спроведување на слични проекти или активности

 

1.3. Кај субјектот – предлагач да постојат соодветни капацитети (човечки и

материјални) кои би биле во насока на имплементација напредложените

активности

 

1.4. Субјектот – прдлагач да вклучува волонтери во неговата работа при

реализација на предлог проектот

 

1.5. Субјектот – предлагач да има годишна програма за работа, Стратегија или

Акциски план

 
2. Квалитет на проектот  
2.1. Релевантност на предлог проектот  
2.2. Ефективност и ефикасност на проектните активности  
2.3. Партиципација на целните групи  
2.4. Одржливост на предлог проектот  
2.5. Очекувани мерливи резултати од предлог проектот  
2.6. Буџетска ефикасност на предлог проектот  
2.7. Производи од проектните активности  
2.8. Видливост на предлог проекот  

Секоја област од специфичните критериуми поврзани со Акцискиот план за имплементација на Националната стратегија за млади на Република Македонија и општите критериуми ќе се вреднува со 0,3, или 5 бодови, со следното значење: 0-не е исполнет критериумот; 3-делумно исполнет и 5- целосно исполнет бараниот критериум.

5. Потребна документација која здружението / фондацијата треба да ја достави

 

Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:

  1. Пријава за финансиска поддршка;
  2. Предлог - проект;
  3. Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата;
  4. Наративен извештај за изминатата фискална година (2020);
  5. Завршна сметка на здружението или фондацијата за претходната година (2020);

       

Здруженијата и фондациите не можат да поднесат повеќе од една пријава за финансиска поддршка по огласот.

 

Напомена: Пријавите со непотполна документација (од точка 6) или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат!

Доставените прилози не се враќаат.

 

6. Рокот и начин на доставување на пријавите

 

Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до09.04.2021 година.

 

Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса:

Агенција за млади и спорт

Сектор млади

Ул. Македонија бр.38

(Палата „Панко Брашнаров“)

1000 Скопје

 

или да се достават лично во архивата на Агенцијата за млади и спорт до 16:00 часот.

Здруженијата и фондациите учесници на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од 10 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Агенцијата за млади и спорт за 2021 година наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондаци, преку веб-страната на Агенцијата за млади и спорт.

Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации, како и Образецот на Предлог-проектот се достапни на веб-страната на Агенцијата за млади и спорт:

www. ams.gov.mk 

Прашања за појаснување може да се поставуваат по електронски пат до Агенцијата за млади и спорт, на адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.">

Превземи документи: 

Оглас_2021.doc

предлог_проект_за_НВО_2021.doc

пријава_за_финансиска_поддршка_за_НВО_2021.doc