Печати

ОГЛАС

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

ams riko

Агенцијата за млади и спорт објавува оглас за прибирање понуди за набавка/закуп на деловна просторија за Национална канцеларија за младинска соработка во Скопје – претставништво на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан.
Задолжителни податоци кој ги содржи огласот :

  • Агенцијата за млади и спорт објавува оглас за прибирање понуди за набавка/закуп на деловна просторија за Национална канцеларија за младинска соработка во Скопје – претставништво на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан.

    Задолжителни податоци кој ги содржи огласот :

    Назив и седиште на државниот орган кој ја врши набавката:АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ со седиште на ул „ Македонија“ бр.38 Палата „Панко Брашнаров“, 1000 Скопје.
  • предмет на набавката:Закуп на деловна просторија за Национална канцеларија за младинска соработка во Скопје – претставништво на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан.
  • проценета вредност на набавката: 58.333.33 денари со вклучен ДДВ на месечна основа.
  • начин на плаќање:на месечни рати.
  • рок за поднесување на понуди:Рокот за поднесување на понуди е 10 (десет) дена од денот на објавување на огласот.
  • начин на поднесување на понуди :
  • Понудувачот го приложува оригиналниот примерок на понудата со целокупната документација во затворен коверт  кој:

- е адресиран со точна адреса на државниот орган;

- во горниот лев агол стои „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот зајавното отворање на понудите;

- во горниот десен агол  се наведува предметот на огласот за доделување на договорот;

- во долниот десен агол се наведува: ИмеПрезимеи адреса или Назив и Седиште на правно лице -Понудувач.

  • Ако ковертот не е затворен и обележан како што се бара, државниот орган не презема одговорност за негово ненавремено и некомплетно пристигнување во архивата  или за предвремено отворање на понудата.
  • Ковертот со понудата и придружната документација се доставува по пошта или директно во архивата на Агенцијата за млади и спорт.
  • По истекот на рокот за поднесување на понуди, Комисијата во рок од 3 (три) работни дена доставува известување до подносителите на понудите за времето и местото на јавното отворање на понудите.
  • адреса на која се доставуваат понудите:ул „Македонија“ бр.38 Палата „Панко Брашнаров“, 1000 Скопје (архива на Агенција за млади и спорт).
  • јазик на кој се доставуваат понудите: Македонски јазик
  • сопственичка документација за недвижната ствар предмет на понудата:Понудувачот заедно со понудата задолжително доставува имотен лист не постар од 1 (еден) месец изваден од Агенцијата за катастар на недвижности за сопственоста на недвижноста.
  • Понудата содржи:ИмеПрезимеи адреса или Назив и Седиште на правно лице –Понудувач, кратко објаснување за понудените параметри кој ги содржи недвижноста а кој се побаруваат со овој оглас, локациска поставеност на недвижноста и цена за закупот на деловната просторија на месечна основа.

                                 Деловната просторија за Национална канцеларија за младинска соработка во Скопје – претставништво на Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан потребно е да ги содржи следниве параметри:

- да има површина од 60 м2,

- просторот да располага со санитарен чвор,

- да има пристап до сите комунални услуги,

- да се наоѓа во централното градско подрачје,

- да е лесно достапен и воочлив,

- доколку се наога во стамбена зграда истиот да не е на повисоко од втори кат.

Имајки предвид дека реализација на проектот е повеќегодишна укажуваме дека договорот ќе се склучи на 2 (две) години со можност за продолжување.

Со почит,

Комисија за недвижни ствари