Печати

БМУ Европските шампиони во брзински мотоциклизам денеска на средба со директорот Мојсовски

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

naumce1

Денеска во Агенцијата за млади и спорт на прием со директорот Наумче Мојсовски се сретна со Христијан Бузалковски и Синиша Кочоски македонскиот тандем за пехари.

 

“Конечно, и покрај предизвиците со проблеми со моторот, неколку падови, успеавме да го извозиме последниот тркачки викенд на најдобар можен начин, без грешка, онака како што посакував и умеев. Водев од самиот старт па се до последниот круг, точно, прецизно без грешка”, рече Бузалковски

Синиша Кочоски возеше во категорија Ф1000 и го освои второто место на БМУ европскиот шампионат.

naumce2

“Голем успех е да се натпреварува на ваков шампионат, а уште поголем успех е да се биде на подиумот”, рече Кочоски.

Агенцијата за млади и спорт продолжува да ги поддржува спортистите кои ја претставуваат нашата држава на највисоко ниво.