Печати

Димитар Ѓорѓиев по четврти пат е светски шампион во кик-бокс

Напишано од administrator вклучено . Објавено во Соопштенија

dimitar

Нашата држава може да се гордее уште еднаш зошто го има најдобриот македонски кик-боксер Димитар Ѓеорѓиев. Димитар повторно се искачи на светскиот врв, откако на Светското првенство во кик-бокс кое се одржува во Италија го освои златниот медал.


Ѓорѓиев претходно беше светски шампион во 2011, 2013 и 2015 година во дисциплината кик-лајт, а сега го освои златниот медал во дисциплината лоу кик. Ѓорѓиев во битката за златниот медал го победи натпреварувачот од БиХ, Никола Дробњак со 3:0.

dimitar1

Претходно Ѓорѓиев во полуфиналето беше подобар од Бугаринот Никола Николов, додека во воведните борби ги совлада и Италијанецот Давид Дано и Милош Даковиќ од Србија. Како Агенција за млади и спорт се гордееме на овие успеси.