Продолжуваат хуманитарните акции на Агенцијата за млади и спорт
Денеска, 20.11. 2012 година, (вторник) директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски заедно со вработените од секторот млади, донираа спортска опрема, спортски реквизити и социјални игри за потребите на ЈУ Завод за згрижување, воспитување и образование на деца и млади „ Ранка Милановиќ “- Скопје.
Агенцијата донираше четири пинг-понг сетови, 30 пинг-понг топчиња, по четири кошаркарски и фудбалски топки, по две ракометни и одбојкарски топки, два дигитални фото-апарати, една дигитална камера, по шест шаховски табли и бакгејмон дрвени табли, по четири домино сетови и Guess who adult игри, како и по еден мини систем DVD, ЛЦД Проектор, платно за проектор, како и торбица за проектор.

Целта на донацијата е да се поттикне спортската иницијатива и социјализацијата кај штитениците на ЈУ Завод за згрижување, воспитување и образование на деца и млади „ Ранка Милановиќ “- Скопје.
Воедно, ова е само еден дел од акцијата која Агенцијата за млади и спорт ја започна со Домот за деца без родители 11 Октомври, а истата ќе продолжи во петок 23.11.2012 во ЈУ за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми 26 Мај.
