Печати

Избор на најдобрите спортисти во Скопје

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Директорот на Агенцијата за Млади и спорт г-нот Лазар Поповски беше дел од своевидната Гала свеченост која во големата сала на советот на градот Скопје се одржа во чест на сите што постигнаа вредни резултати кои го промовираа главниот град и Република Македонија во светски рамки. Дoминираа ракометарите на Металург со признанија во екипна конкуренција и индивидуално, за членот на осминафиналистот во ЛШ, Наумче Мојсовски. 

Организаторите, СОФКА и советот на градот Скопје, а и Агенцијата за Млади и спорт и се заблагодарија на златната параолимпијка Оливера Наковска Бикова за постигнувањата во стрелаштво на ОИ во Лондон.

На традиционалната манифестација им беа доделени признанија на најдобрите спортисти, спортски работници, тренери и организации во 2012 година, а најуспешни спортисти во главната категорија кај сениорите се:
Наумче Мојсовски - ракомет, РК Металуруг - пласман во 1/2 од финалето во СЕХА лигата, шампион на Македонија 2011/2012 и освоено 5-то место со македонската репрезентација на ЕП на почетокот од годината.
Ненад Манојловски - кик бокс, КБК-шампион на Македонија и освоено 2-ро место на ЕП во Букурешт во 2012 година
Тодор Гечевски - кошарка, КК МЗТ Скопје - освојувач на првенството и купот на Македонија и најкорисен играч на МЗТ Скопје во Јадранската лига.
Евгениј Попацев - маратонско пливање, ПК Студент - шампион на Македонија, 5-то место на Охридски маратон, 1-во место на маратон во Ровињ, 1-во место на Отворено првенство на Србија на 10 км и 8-мо место во Светски куп.
Дејан Недев - традиционално карате, КК Работнички - првак на Македонија и освоено 3-то место на Купот на 8-те најдобри во Европа, во Полска во 2012.
Наташа Илиевска - карате, КК Макпетрол - првак на Македонија, 3-то место на Медитеранско првенство, 3-то место во Светската Премиер лига и 3-то место во Златната лига.
Антонио Ристевски - алпски скијање, СК Работнички - шампион на Македонија во слалом и велеслалом, Олимписки кандидат за ЗОИ Сочи 2014, 1-во место во ФИС трките во Мокра Гора и Стара Планина и 3-то место Шарпланинаски куп 2012.
Мирјета Бајрамоска - ракомет, ЖРК Металург - првак на Македонија и член на македонската ракометна репрезентација и учество на ЕП во Србија.
Остоја Стјепановиќ - фудбал, ФК Вардар - првак на Македонија за 2011/2012, член на сениорската репрезентацијата на Македонија и еден од најдобрите играчи во Првата македонска фудбалска лига,
Весна Кираџиева - атлетика, АК Безбедност - рекордер во полумаратон (1:31,06) резултат остварен во Прага со освоено 26-то место од 500 учесници. Првак на Македонија во полумаратон и маратон, освоено 5-то место на Скопски маратон.