Печати

Металург викендов ќе организира Новогодишен турнир

вклучено . Објавено во Соопштенија

Ракометната академија на Металург викендов што следува ќе организира Новогодишен турнир во мини ракомет за своите школи на територијата на град Скопје. Екипите ќе бидат поделени во четири групи и тоа:
-момчиња родени 2002/2003 година, вкупно 11 екипи,
-девојчиња родени 2002/2003 година, вкупно 8 екипи,
-момчиња родени 2004 и помлади, вкупно 5 екипи и
-девојчиња родени 2004 и помлади, вкупно 4 екипи.

Турнирот во мини ракомет ќе се игра на два специјално исцртани терени на мини голови во салата Автокоманда-Скопје со следните термини:

- На ден 22.12.2012 година (сабота) се играат натпреварите по групи со почеток од 9.00 часот па се до 16.00 часот,
- На ден 23.12.2012 година (недела) се играат полуфиналните и финалните натпревари со почеток во 12.30 часот.

За најдобрите екипи ќе следуваат награди како од Металург, така и од нашиот овогодишен партнер на ракометните школи хрватската компанија за производство на флипсови KANAAN. Програмата ќе биде збогатена со настапи на девојчињата од AQUA DANCE CLUB.

Во интерес на развој и популаризација на ракометот меѓу нашите најмлади генерации, би апелирале до Вас како медиум да го покриете овој спортски настан во рамките на своите можности.