Печати

Извештај за балканска титула

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Oваа 2012 година Кик Бокс федерацијата ја завршија со последната меѓународна активност на 28.12 во Нови Пазар, Р.Србија пред околу 1000 присутни во салата. Нашата репрезентативка и носителка на голем број на медали од Балкански, Европски и Светски првенства Кристина Стојчевска се бореше за титулата БАЛКАНСКИ ПРВАК

Стојчевска се сретна со натпреварувачката од Нови Пазар Ајла Лукач во дисциплината лоу кик во - 52кг.

Борбата се одвиваше во 5 рунди по 3 минути во кои нашата Кристина демонстрираше одлична техника и одлична физичка подготвеност. Тактиката која ја подготвија со тренерот Александар Стојчевски вроди со одлична борба, борба на размена на голем број на ножни и рачни удари.

Титулата ја зема во своите раце домашната натпреварувачка која победи за само еден поен.


Тимот на кик бокс федерацијата на Македонија кој беше во Нови Пазар е задоволен од настапот на Кристина.

Право на реванш имаме да побараме после 6 месеци што значи дека ќе следи борба во Македонија за титулата и појасот да дојдат во наши раце.