Печати

Иванов и Поповски: Добар пат, донесете ни радости

вклучено . Објавено во Соопштенија

Традиционално пред секој голем и важен спортски настан на кој ние сме застапени, Претседателот на РМ Ѓорѓе Иванов организира средба со македонската машката ракометна селекција на која присуствуваше и директорот на АМС Лазар Поповски. Добри желби преовладуваа во формалниот дел, но и во дружењето на првиот човек на државата и водечката личност на Агенцијата со репрезентативците кои в петок заминуваат на СП во Шпанија.

Еве сублимат од обраќањето на претседателот Иванов кон националниот ракометен тим.

- Јасно е што значи спортот за Македонија, впрочем вашите резултати од минатата година најдобро го потврдија тоа, затоа и на новиот голем настап ја имате сета наша поддршка. Лично сум ваш искрен навивач, можеби и затоа што сите нам, ни претставува гордост кога вие, нашите репрезенти се грижите за доброто претставување на земјата во светот. Сигурен сум дека мотивацијата по која ракометниот национален тим е препознатлив и надвор од границите на Македонија, повторно ќе биде на највисоко ниво, бидејќи вие станавте синоним за борба до последен здив и за обединување на Македонците. Можеби во салите во Шпанија нема да имате многу навивачи, но знајте дека таму каде што сте вие, со срцата сме и сите ние. Верувам дека на Светското првенство повторно ќе ги оправдате ордените кои ги заслуживте минатиот јануари – со неколку поенти во обраќањето претседателот Иванов се обиде да им ја пренесе сета наша поддршка на18-те избраници на селекторот Звонко Шундовски.

Во име на ракометната експедиција која во Севиља ја очекуваат средби од сабота против Чиле, Катар, Исланд, Русија и Данска се огласи капитенот Кире Лазаров кој го прифаќа предизвикот.

- Подготвени сме добро, имаме добар тим, а мотиви никогаш не ни недостасувале. Свесни сме за очекувањата на нацијата и се ќе сториме да оствариме добар пласман. Навивачите кои верувам повторно ќе бидат со нас, можеби во помал број, нека бидат сигирни дека ќе дадеме се од себе- рече најдобриот десен бек на светот Кире Лазаров.
Македонските ракометари на тренинзи во Скопје остануваат до петок кога заминуваат за Севиља каде в сабота не очекува првиот мундијалски меч со репрезенатцијата на Чиле.