Печати

Прием на ракометарите по повод пласманот на Светското ракометно првенство

вклучено . Објавено во Соопштенија

Прием на ракометаритеПо повод пласманот на Светското ракометно првенство во Шпанија, директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Лазар Поповски организираше прием на машката ракомeтна репрезентација во просториите на Агенцијата за млади и спорт.

Во својот говор директорот Поповски им се заблагодари на ракометарите, потенцираше дека овој успех претставува многу поголема сатисфакција зошто е постигнат без натурализирани ракометари и истакна дека пласманот на Светското првенство за ракометарите ќе претставува дополнителен стимул за освојување медал.

Капитенот Кире Лазаров се заблагодари за максималната подршка што Агенцијата за млади и спорт ја дава на репрезентацијата и исто како и директорот Поповски, истакна дека целиот тим очекува освојување на медалја во Шпанија.

На крај, спортскиот директор д-р Никола Панчевски на директорот Поповски му додели македонско знаме со потписи од сите репрезентативци и додаде дека очекува Шпанија како домаќин на Светското првенство да биде обоена и преплавена од Македоноската Фаланга.