Кикбоксерите освоија 2 бронзени и 1 сребрен медал
Македонската Кик Бокс Јуниорско кадетска репрезентација на Европското првенство во Круница Здруј , Полска од 16- 21.09.2013год. реди забележителни резултати.

Имено до претпоследниот ден на Европското првенство освоени се 2 бронзени медали и тоа:
- Марија Божиновска +70 кг лајт контакт, го освои 3-то место и бронзата на татами против Лорен Бредшо од Ирска. Марија загуби на поени иако до крајот на третата рунда се водеше рамноправна борба. Сепак судиите одлучија победата да ја однесе Ирската претставничка.
- Љупче Коцев -55кг. лоу кик до бронзениот медал дојде со победа над Мартин Гулан од Хрватска од убедливи 3:0 на големо одушевување на присутните во салата во Круница Здруј во Полска. Техниката и надмоќноста на младиот Коцев беа главна одлика во рингот. Освојување на среброто го запре Српскиот претставник Фазлија Реџепи и Коцев мораше да се задоволи со бронзениот медал.
- На Елена Стојчевска + 70кг фул контакт, ждребот и беше наклонет и таа веќе има сребрен медал кој денес може и да се позлати. Таа попладне ќе се бори со Хели Цузич од Хрватска.
- Јовица Ивановски - 67кг кик-лајт не успеа да се пласира во борбата за медал откако беше поразен од Николак Краус од Полска.
Стручнит тим кој го предводат судијата и селектор Љупчо Стојчевски и тренерите Димче Кичевски и Ѓорѓи Вучков се задоволни од постигнатите резултати на своите избраници.
Членовите на Македонската јуниорско кадетска репрезентација се чувствуваат одлично, а гостопримството на домаќините е на ниво.








