Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Bo Битола се одржа Голф ден

вклучено . Објавено во Соопштенија

На ден 21 овој месец во Битола голф клубот „Пелистер“ одржа Голф ден а временските услови придонесоа ова да биде еден од најдобрите денови за голф во Македонија. Во клубот моментално има 50 нови голфери кои сакаат да играат голф и кои имаат можност да уживаат во овој спорт 3 пати неделно, најмладата има 4 години Марија Николовски која привлече големо внимание.

Претседателот на Голф Федерацијата на Македонија г-дин Лес „Лазе“ Перчевски меѓу другото истакна дека верува дека голфот е тука присутен и така ќе остане засекогаш а воедно му се заблагодари на голф клубот „Пелистер“ за одличната работа што ја прават за овој спорт а посебна благодарност упати до претседателот на ГК „Пелистер“ Коста Јовановски како и до Илче Оситиќ, Владе Сотировски и Николче Поповски.

За секој заинтересиран кој сака да го запознае или практицира овој спорт контактирајте го голф клубот „Пелистер“ од Битола. Обуките се вршат бесплатно.

Сите се добредојдени!!!

За подетални информациии контактирајте го клубот на телефон:

ул.Нико Фундали 6
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија