Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Заврши обуката за обучувачи за превенција на говор на омраза

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес, 7 октомври е последниот ден од обуката против говор на омраза, која се одржува во рамки на Националната Кампања против говор на омраза, чиј координатор е Агенцијата за млади и спорт.

Обуката која започна на 1-ви октомври е проект на Центарот за Меѓукултурен Дијалог од Куманово, наменет за едукација и обука на обучувачи против говор на омраза, а истата е финансиски поддржана од страна на Совет на Европа. Во рамки на обуката учествуваат 25 учесници од повеќе организации, како и наставници, професори и поединци - активисти за човековите права.

Во рамки на обуката од страна на претставници на Агенцијата за млади и спорт и Совет на Европа беа презентирани целите и досегашните активности на Кампањата против говор на омраза во Република Македонија, но и глобалната кампања која истовремено се одвива во повеќе земји членки на Совет на Европа.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија