Печати

Средба во АМС со висок претставник од Р.Катар

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа средба помеѓу директорот Александар Пујовски и висок претставник од амбасадата на Р.Катар г-дин Фахад Сауд Ал-Тани.
 
Имајќи ја предвид определбата на Агенцијата за млади и спорт за унапредување на меѓународната соработка во областа на спортот, директорот Пујовски во рамки на средбата, ja изрази намерата за разгледување на можноста за потпишување соодветен договорен документ за соработка во областа на спортот помеѓу двете држави.
 
На крајот од посетата како претставници од земји, каде што ракометот традиционално е еден од најпопуларните спортови, од страна на господинот Ал-Тани беше иницирано продлабочување на соработка во овој спорт како и одржување на натпревари помеѓу македонски и катарски ракометни клубови.