Тематска расправа „УНИВЕРЗИТЕТСКИ СПОРТ – потреба и обврска“
Денес, во свечената сала во ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во организација на Агенцијата за млади и спорт и УКИМ се одржа тематска расправа на тема – „УНИВЕРЗИТЕТСКИ СПОРТ – потреба и обврска“.

На расправата, која се одржа како резултат на повеќемесечна координација помеѓу АМС и УКИМ и прва од овој вид во нашата земја во смисла на нивото и составот на присутните кога е во прашање универзитетскиот спорт, покрај директорот на АМС Александар Пујовски и ректорот на УКИМ проф д-р Велимир Стојковски, учество земаа сите повикани страни одговорни за развојот на универзитетскиот спорт како еден од сегментите опфатен во Програмата за развој на спортот за периодот 2013-2017 донесена од страна на Владата на Република Македонија на почетокот на оваа година, односно деканите од сите факултети при УКИМ, декани, ректори и професори од останатите универзитети во нашата земја, вклучително претставници од повеќето национали спортски федерации меѓу кои и од ракометната, кошаркарската и фудбалската федерација и познати спортисти.

Цел на настанот беше преку презентацијата на г-динот д-р Томислав Андоновски од Агенцијата за млади и спорт, на универзитетската и спортска фела да и се претстави новиот концепт за системски поставен, финансиски поддржан и консолидиран модел на функционирање на универзитетскиот спорт, каде , меѓудругото, беа нотирани и останатите потреби како: мотивиран стручен кадар кој произлегува од самиот воспитно образовен систем во рамки на универзитетите, објекти и обезбедување расположивост на истите, нешто што, впрочем, преку инвестирање во изградба на спортски сали на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Битолскиот универзитет Св. Климент Охридсти, на ДУТ во Тетово и на Факултетот за физичка култура ни покажува дека Владата на Република Македонија води несомнена грижа за универзитетскиот спорт, потоа, преку прилагодување систем на натпревари заради мотивирање на студентите да се вклучат во рамки на истиот што ќе значи организација на натпреварувања во поедини спортови помеѓу факултетите во рамки на универзитетите за подоцна самите универзитети да спроведат систем на меѓусебни финални натпревари и, секако, концептуирање на воннаставните спортски активности во прилог на гореспоменатото.

Во насока на унапредување на системот на натпревари во универзитетскиот спорт, предвидено е воспоставување концепт за поинакво функционирање на универзитетските спортски сојузи и националната спортска федерација за универзитетски спорт врз кои ќе се темелат натамошните развојни степени со цел за остварување на огромните општествени придобивки кои ги претполага развојот и негувањето на универзитетскиот спорт.
Ваквиот пристап води кон создавање концепт на универзитетски спорт одразен низ вредности каде најдобрите студенти во одреден спорт ќе ги „бранат на боите“ на својот факултет, понатаму и на својот универзитет и, конечно, на својата земја во рамки на меѓународниот систем на натпревари, а националните спортски федерации ќе ја дадат потребната стручна и логистичка помош за остварување на оваа цел.
Низ овие мерки кои ги презема Владата на Република Македонија во делот на релизацијата на Програмата за развој на спортот, која, всушност, е еден вид стратешки документ предложен од страна на Агенцијата за млади и спорт, овој чин несомнено би бил дел од заокружувањето на еден концепт на создавање здрава нација преку развојот на сите сегменти и чинители кои го креираат севкупниот развој на спортот.
Во својот говор во воведниот дел, директорот Пујовски истакна:
Тргнувајќи од потребата за посеопфатно поимање на спортот како начин на живеење со кој студентите во Република Македонија, преку нивна зголемената вклученост во спорот и спортско-рекреативните активности, ќе го подигнат квалитетот на своето живеење во повеќе сегменти, вклучително задоволувајќи го националниот стремеж за остварување високи меѓународни спортски резултати преку проектирање насоки за развој на врвниот спорт во рамки на универзитетскиот спорт, низ соодветно делување во односните спортски проблематики поврзани со светските трендови и акти донесени како резултат од широки консензуси во меѓународната спортска сфера прифатени и ратификувани од страна на Република Македонија како и меѓународниот систем на натпревари во универзитетскиот спорт кој е респектабилен, наша определба е неговиот развој во нашата земја да го поставиме врз основа на неколку темелни принципи: Достапност; Разновидност; Отвореност; Посветеност; Одржлив развој; Одговорност; Достапноста и отвореноста се едни од темелните принципи на спортот. Спортот не може да опстојува како затворен, изолиран систем, имун на останати влијанија и чинители кои го надополнуваат. Спортот може да постои единствено низ достапност и отвореност, бидејќи на тој начин се себеверификува и, со самото тоа, се унапредува.
Во својата интеракција со спортот која се остварува низ повеќе начини на вклученост во неговите текови, студентите, покрај задоволството кое ќе го добиваат од спортската изведба, на тој начин тие ќе ги прошируваат и сопствените културни сознанија, ќе проникнуваат во искуствата на други култури и, во нивниот пристап кон спортските вредности, истовремено несвесно ќе вршат споредби и селекција на истите, притоа, низ отвореноста кон различностите, ќе градат и негуваат сопствен интегритет и сопствени вредности и ќе ја развиваат свесноста за еден од највредните постулати на спортот, а тоа е неговата моќ за поврзување на нациите и културите.
