Печати

Посета на тренингот на ракометарите пред Данска

вклучено . Објавено во Соопштенија

Премиерот на Република Македонија Никола Груевски и директорот на АМС Александар Пујовски ги посетија ракометарите на нивниот денешен тренинг во СРЦ Кале.

Македонската ракометна репрезентација ги одработува последните тренинзи пред патувањето за Данска. Денеска во СРЦ Кале ракометарите ги посети премиерот на Република Македонија кој им ги честиташе празниците и воедно им посака среќа и успех на Европското првенство.

Груевски во кусата средба со ракометната репрезентација порача дека што и да се случи, односно каков и да остварат пласман нашите ракометари, јавноста во Македонија ќе биде со нив, односно ќе ја имаат поддршката од сите нас.

Најважно е ракометарите да го дадат максимумот, да одиграат најдобро што знаат, а за се останато потребна е и среќа.