Прием на спортистите пред учество на ЗОИ 2014 Сочи
Денес директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Марјан Спасески организираше прием за делегацијата која ќе земе учество на Зимските Олимписки Игри 2014 во Сочи во состав Антонио Ристевски во алпско скијање со тренерот Иван Лесески придружувани од претседателот на Скијачката федерација на Македонија Владимир Пановски и ген.секретар Кирил Насков.

Директорот Спасески во својата изјава истакна дека претставува огромна чест и задоволство што како директор на Агенцијата за млади и спорт на неговата прва официјална прес-конференција соопштува одлични информации. Спасески го поздрави Антонио Ристевски, најдобриот македонски скијач, кој го оствари најдобриот резултат во алпско скијање во историјата на Република Македонија. Тој на последниот настап во Турнау, Австрија го освои првото место во слалом и доби 24, 74 фис точки што претставува историски подвиг за македонското скијање. Ова за Република Македонија од осамостојувањето е четврта и петта А олимписка норма, а ваквите резултати претставуваат дополнителен стимул и поттик за државата за понатамошно развивање и вложување во зимските спортови заврши директорот Спасески.

Репрезентативецот во алпско скијање Антонио Ристевски се заблагодари за приемот во Агенцијата за млади и спорт и вети дека ќе даде се од себе за да постигне високи резултати. Исто така тој дополни дека претставува гордост учеството на спортистите на Зимските Олимписки Игри Сочи 2014, особено имајќи го во предвид фактот дека во изминатиот период високо беа кренати критериумите за изборување норма за учество на ЗОИ. Во своето обраќање, Ристески дополни дека го очекуваат десетдевени подготовки и тренинзи во Сочи пред почетокот на ЗОИ 2014.
Тренерот Иван Лесески истакна дека е презадоволен од досега прикажаното од дтрснс нс Антонио Ристевски и дека ако продолжи со ова темпо се очекува висок пласман во Сочи.
На крај претседателот на Скијачката федерација на Македонија Владимир Пановски се осврна на целокупните подготовки и истакна дека многу малку фалело уште еден наш репрезентативец во алпско скијање Дардан Дехари да обезбеди А норма за Сочи.
Македонската делегација во Сочи ќе ја претставуваат УЧЕСНИЦИТЕ АНТОНИО РИСТЕВСКИ ВО АЛПСКО СКИЈАЊЕ СО ТРЕНЕРОТ ИВАН ЛЕСЕСКИ И ДАРКО ДАМЈАНОВСКИ И МАРИЈА КОЛАРОСКА НОРДИСКО СКИЈАЊЕ СО ТРЕНЕРОТ ЃОКО ДИНЕСКИ (беа спречени да присуствуваат на приемот поради учество на натпревари надвор од Македонија).
