Печати

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за млади и спорт и Факултети.мк

вклучено . Објавено во Соопштенија

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за млади и спорт и Факултети.мк

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, директорот Марјан Спасески потпиша Меморандум за соработка со интернет порталот за образование и млади Факултети (www.fakulteti.mk) застапуван од Марјан Алексовски, каде двете страни страни ги изразуваат своите заложби за воспоставување соработка  за планирање и имплементирање на заеднички активности, поттикнување на неформалното образование и континуираното учење и споделување на информации во интерес на младите луѓе, особено студентите.

Идејата за ваквата соработка произлегува од фактот дека Факултети.мк е еден од најпосетените и најинтересните веб-информатори за младите луѓе, така што на овој начин се отвораат можности тие поопсежно да се информираат за можностите за обуки, пракси, стипендии, работни места, но и да стекнат знаење кое им е значајно за нивниот личен и професионален напредок.

Со потпишувањето на овој меморандум, Агенцијата за млади и спорт останува цврсто посветена на заложбите да ги поддржува и охрабрува младите луѓе, како и оние кои придонесуваат за нивната едукација, информирање и  развој.