Хуманитарен семинар за помош на настраданите во Србија, Хрватска, Босна и Словенија
Во ОУ “Партенија Зорафски”се одржа хуманитарен семинар за помош на настраданите од поплавите во Србија, Хрватска, Босна и Словенија. Хуманитраниот семинар се одржа во организација на основачот на клубовите за боречки вештини “Д Строгест & РУТС” и Председател да Македонската Федерација за бразилска џиу џица, Алексовски Ивица ( тренер за џит кун до, бразилска џиу џица и мма) заедно со познати македонски мајстори од повеќе боречки вештини како што се:
- Иле Ристески - македонскиот шампион во кик бокс и тренер во кик бокс клубот“Горила”;
- Игор Паскоски - мајстор во џудо во џудо и тренер во најдобриот македонски џудо клуб “Миоки”;
- Дамјан Цингарски - мајстор во аикидо и тренер во аикидо клубот Хенбо.
Мајсторите покажуваа техники од својата вештина, а потоа сите заедно ги увежбуваа зададените техники. Во убава атмосфера, со дружба помеѓу членовите од повеќето клубот заврши овој хуманитарен семинар.
На семинарот беа присутни членови од клубовите за:
- џит кун до “Д Стронгест”;
- бразилска џиу џица “РУТС”;
- кик бокс клубот “Горила”;
- џудо клубот “Миоки”,
- аикидо клубот “Хенбо”;
- клубот за аикидо и џиу џица “Кобукан”
кои сите заедно донираа парични средства, флаширана вода, хигиенски производи, облека итн…
Со овој гест повторно се покажа и докажа дека спортистите важат за хумани луѓе и секогаш и секаде се први за помош на настраданите во разни катастрофи.
ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до тренерите Ивица Алексовски,Иле Ристески, Игор Паскоски, Дамјан Цингарски и Спасе Начевски за одвоеното време и покажаната хуманост во момент кога на некого му е највеќе потребна.
Собраната хуманитарна помош по завршување на семинарот беше предадена во Црвениот Крст на Р. Македонија.
