Kонференција ‘LOOK BEYOND’ Младинските организации ќе ја оценуваат улогата на програмата Млади во Акција
Центар за меѓукултурен дијалог ви ја најавува LOOK BEYOND конференцијата, која ќе се одржи на 10 и 11 Јуни, во Конгресен центар на Скопски саем, во Скопје, Македонија.
‘Look Beyond’ е дводневна конференција и има за главна цел да ја анализира и оцени улогата на Европската програма за млади ‘Млади во акција’, врз развојот на младинската работа и младинската политика во Европа.
Дали меѓународните обуки ги поттикнаа младинските лидери повеќе да дејствуваат на локалните проблеми во заедниците? Колку меѓународните вмрежувања ги зајакнаа меѓукултурните врски на локално ниво? Кои се одржливите ефекти од 7 годишните партнерства, мобилност и едукација? Во двата дена практичарите ќе разговараат за овие и други предизвици креирајќи насоки за поуспешно искористување на новата Ерасмус плус програма.
Конференцијата ќе собере преку 70 младински организации од Македонија и Европа, експерти, претставници на Европска комисија, SALTO ресурсни центри, Европскиот младински форум, Партнерство за млади на ЕУ и Совет на Европа, млади истражувачи, младински работници и млади луѓе. Програмата вклучува 6 пленарни сесии, 7 работилници, 4 презентации, 19 гости говорници, Саем за младинска работа и безброј можности за вмрежување.
Конференцијата ќе се одржи на 10 и 11 Јуни, во Конгресниот центар на Скопски Саем. Работен јазик на настанот е Англиски. Програмата на конференцијата е достапна тука
Конференцијата е насочена кон претставници на граѓанските младински организации. Чест ни е да ве поканиме да присуствувате на настанот и да номинирате свој претставник.
Регистрацијата е задолжителна и отворена до 06 Јуни на http://lookbeyond.cid.mk/registration/
Поради ограничениот капацитет на локацијата каде се одвива конференцијата, сите учесници потребно е однапред да се регистрираат.
За подетални информации посетете ја веб страната на конференцијата: http://lookbeyond.cid.mk/
