Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

МЕЃУНАРОДЕН РАКОМТЕН ТУРНИР ”СТРУГА 2014”

вклучено . Објавено во Соопштенија

Со ревијален натпревар меѓу домаќинот Струга и екипата на Металург – јуниор (24:25) на ракометното игралиште „Женска плажа“ во Струга вечерва почна 42. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2014“.

По свеченото отворање силите ќе ги одмерат екипите на македонскиот шампион и минатогодишен освојувач на трофејот Металург и францускиот прволигаш Кретеј. Потоа ќе играат српскиот претставник Металопластика и рускиот вицешампион Сант Петерсбург.

Изразувајќи задоволство за продолжувањето на традицијата, турнирот за отворен го прогласи директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, според кој, екипите кои учествуваат на годинашното издание говорат за квалитетот и силината на натпреварувањето.

- Да се биде денес во Струга значи да се биде присутен на едно од најголемите ракометни случувања пред почетокот на ракометната сезона во Европа. Турнирот кој има 42-годишна традиција и годинава ја става Струга во центарот на вниманието на ракометните љубители ширум Европа, а Република Македонија уште еднаш ќе се најде на европската ракометна мапа, истакна Спасески.

Агенцијата за млади и спорт, нагласи тој, е главниот поддржувач и покровител на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2014“, со ветување дека ќе продоложи и во иднина.

- Ова го говорам пред се зошто Струга е колевката на македонските ракометни таленти, кои преку своите игри се наметнуваат и стигнуваат до сениорската репрезентација. Доволно е само да ги споменам имињата на стружаните Наумче и Златко Мојсоски, Веле и Никола Маркоски, Аце Јоновски Гоце Ојлески, Марко Нелоски и Никола Костески. Очекувам оваа нишка со репрезентативци да продолжи понатаму, рече Спасески.

Натпреварите за пласман и финалето на 42. Меѓународен ракометен турнир „Струга 2014“ се во сабота на 16 август.

(превземено од МИА)

Со почит,

Одделение за односи со јавноста

Агенција за млади и спорт

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија