Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Претседателот на Македонија го прими алпинистот Дејановиќ

вклучено . Објавено во Соопштенија

Претседателот на Македонија го прими алпинистот Дејановиќ

 

 

 

Претседателот на Република Македонија, г-динот Ѓорѓе Иванов денес го прими македонскиот алпинист Здравко Дејановиќ, по повод неодамнешното освојување на врвот „К2“, на Хималаите.

Претседателот Иванов му честиташе на Дејановиќ, кој воедно е и првиот алпинист од Македонија што го освојува „К-2“, еден од најопасните планински врвови во светот.

„Секој ваков успех е за почит и претставува мотив за нови достигнувања. Вие најдобро знаете дека освојувањето на секој врв е огромен предизвик кој може да се совлада само со верба во себе, посветеност и со пожртвуваност. Среќен сум што нашата земја има безброј вакви позитивни примери, затоа што спортските успеси се тие со кои сите млади луѓе се идентификуваат“ рече претседателот Иванов.

 

„Важно е човек да си ги знае своите лимити и во согласност со нив да си ги поставува целите. Почнав со малите планини, чекор по чекор, скалило по скалило и дојдов до највисоките врвови. Со последното достигнување навистина се чувствувам исполнето, и за следната година планирам нови подвизи“ рече Дејановиќ кој влезе во друштвото на 300-те алпинисти кои го искачиле овој врв на Хималаите.

Здравко Дејановиќ се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт и на директорот Марјан Спасески за несебичната подршката  за овој подвиг кој го постигна.

Здравко Дејановиќ во 2010-тата година го освоил Монт Еверест, додека пак минатата година имал обид да го совлада и „К2“, но временските услови го спречиле во таа намера.

 

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија