Печати

Средба со свештенството на тетовско-гостиварската митрополија предводена од митрополитот тетовско-гостиварски Г.Јосиф

вклучено . Објавено во Соопштенија

 

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со свештенството на тетовско-гостиварската митрополија предводена од митрополитот тетовско-гостиварски Г.Јосиф.

На средбата беа опфатени теми од областа на традиционалните вредности кај младите во тетовско-гостиварскиот регион.
Директорот Спасески посочи дека Агенцијата за млади и спорт преку инвестициите во тој дел на Македонија прави напори и се залага младите да се посветат на почитта кон семејството и религијата.
Воедно, како што потенцираше Спасески семејството е најважната алка во општеството каде што се гради личноста,воспитувањето и почитта.
Митрополитот тетовско-гостиварски Г.Јосиф истакна дека пороците како најголемо зло на денешницата претставуваат најопасна работа на што е изложен младиот човек.
Поради тоа потребно е заедничка активност во делот на посветување на традиционалните вредности кај младите зошто само така младиот човек ќе осознае за вистинските вредности како што се семејството, религијата, почитта и добрината кон луѓето.