Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’
Агенцијата за млади и спорт продолжува со имплементацијата на Проектот “Стоп на пороците кај младата популација’’.Спроведувањето на Проектот започна Во основното училиште “Круме Кепески “ – општина Кисел Вода и во О.У.“ Димо Хаџи Димов” во Општина Карпош со реализација на едукативните работилници. Работилниците се реализират од страна на Агенцијата за млади и спорт во соработка со Црвен Крст на Република Македонија. Истите ќе продолжат да се реализират и во другите основни училишта во Општините Кисела Вода и Карпош каде се опфаќат учениците од VII/ VIII и IX – летка одделение.
Целта на проектот е подигнување на свеста кај учениците за заштита и превенција од пороците, едукација и информирање на младите луѓе за негативните појави и последици од пороците, подигнување на степенот на знаења и способности на младите за правилно да ги препознаат правите знаци и симптоми на негативните појави (дрога, алкохол, цигари ) и запознавање на младите со корисните и здравите навики и стилови на живеење.
Во рамки на проектот досега беа вклучени околу 6000 ученици. По спроведувањето на проектот во основните училишта во општина Кисела Вода и Карпош , неговата имплементација продолжува во други општини.
