СПОРТСКО ЛЕТО СТРУГА 2012
Почитувани дечиња, граѓани и љубители на спортот,
Со почеток од 07 Август 2012 година започнува со одржување спортската манифестација "СПОРТСКО ЛЕТО СТРУГА 2012" која ќе трае до 27 Август 2012 година. Местото на одржување ќе биде Машка и Женска Плажа во Струга.
Преку оваа спортска манифестација во Струга, ќе имате можност бесплатно да изберете и да спортувате некој од следните спортови: ватерполо, пливање, нуркање, едрење, кајак, одбојка, бадминтон, пинг понг.
Подетални информации за спортската манифестација СПОРТСКО ЛЕТО СТРУГА 2012 и за распоредот на спортови, можете да добиете на следните телефони: 070/ 380 366 и 078/ 276 969


