Одржана седница на Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени
Денеска (22.08.2012) во просториите на Агенцијата за млади и спорт, беше одржана редовна работна седница на Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени.
На седницата, членовите го осудија неодамнешниот настан во кој група навивачи предизвикаа инцидент на железничката станица „Скопје – Север“ и апелираа за посовесно однесување од страна на навивачите.
