Печати

Демант на изјавата на Марјан Начевски, објавена во Весникот „Ден“

вклучено . Објавено во Соопштенија

Агенцијата за млади и спорт ја демантира изјавата на Генералниот секретар на Ракометната Федерација на Македонија,  г-дин Марјан Начевски објавена во Весникот „Ден“ од 23.08.2012 г , во која е наведено дека  Ракометната Федерација на Македонија  има начелен договор со Директорот на Агенцијата за одложување на рокот за пререгистрација на ракометните клубови.
 
Во изјавата на г-дин Начевски е наведено дека од страна на Директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Лазар Поповски  е добиена согласност за  одложување на рокот за пререгистрација на  ракометните клубови во акционерски друштва до 2016 г.  со што  и клубовите не би биле санкционирани.
Агенцијата  ја демантира ваквата изјава на Генералниот секретар на РФМ, а воедно и го повикува да посочи на кој состанок е постигнат таков договор, бидејќи  на последниот  состанок одржан со клубовите од Супер Лигата не е донесен заклучок за одложувањето на рокот за регистрација .
Воедно , ја повикуваме  новинарката на весникот,  г-ѓа Билјана Б. Петрушева  пред  објавување на информациите за пререгистрација на клубовите , да ги провери сите засегнати страни , заради тоа што  со ваквите информации се создава лажна слика во јавноста.