Печати

Свечено пуштена во употреба спортската сала "Крсте Мисирков" во населбата Ченто

вклучено . Објавено во Соопштенија

12794943 1074965332525074 3464075657169990285 o

Денес директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски ја пуштија во употреба спортската сала “Крсте Мисирков” при ОУ “Крсте Мисирков”.Директорот Спасески истакна дека оваа сала ќе биде од големо значење за учениците и спортистите од ОУ Крсте Мисирков како и за граѓаните на населбата Ченто.

1908317 10153706493577659 4163058287508421848 n

-“Спортската сала која ја ставаме денска во функција верувамќе биде од огромна поддршка за учениците од ОУ “Крсте Мисирков” за изведување на наставата по физичко, но и за вонучилишни спортски активности, а ќе може да се користии од сите спортски клубови и граѓани, кои ќе сакаат рекреативно да спортуваат. на површина од околу 1.400 метрик вадратни, со трибини и модерни спортски реквизити, ќеможат да се практицираат најразлични видови на спортови како што се: мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, гимнастика, пинг-понг, но и да се следат бројни спортски натпревари.” – истакна Спасески. Тој потенцираше дека новата спортска сала е 34-та изградена по ред, а е 220-тиот спортски објект реализиран од Агенцијата за млади и спорт. Оваа сала, посочи Спасески, била дел од приоритетите бидејќи е барање на граѓаните од населбата Ченто.

12745468 10153706491432659 5203830988226006453 n

На свеченото отварање се обрати и Вицепремиерот Владимир Пешевски кој истакна дека Владата ќе продолжи да инвестира во спортот, од кој бенефит имаат сите граѓани.

На отворањето присуствуваа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, владини министри, градоначалниците на Скопје и општина Гази Баба Коце Трајановски и Тони Трајковски.