Објавен конкурсот за Државните награди “8- ми Септември”
Агенцијата за млади и спорт по одлука на Одборот за доделување на Државната награда 8-ми Септември и оваа година ќе додели пет награди, од кои една награда за животно дело.Имено со државната наградата “8 Септември” се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот.
Со награда за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план се оддава признание на тренери (селектори и тренери) и спортски работници заради промовирање на Република Македонија во светот со остварени високи спортски резултати во меѓународниот спорт со кои се дава исклучителен придонес за развој на спортот во Република Македонија.
Конкурсот е објавен во денешниот број на весникот Дневник, Коха, како и на веб страната на Агенцијата за млади и спорт.








