Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Одбележан денот на крводарителството

вклучено . Објавено во Соопштенија

Под мотото „Дарувај крв за оние кои даруваат живот“ денеска во Дневниот центар за дарување крв „Даре Џамбаз“ беше одбележан 14 Јуни- Светскиот ден на крводарителството а воедно беше отворен оддел за прибирање крв од доброволни дарители. На настанот присуствуваа претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов, директорот на Агенцијата за млади и спорт м-р Марјан Спасески, претставници од Институтот за трансфузиона медицина, канцеларијата на Светската здравствена организација Скопје, како и повеќе спортисти и естрадни уметници.

Печати

Тричасовен саем за младинска работа

вклучено . Објавено во Соопштенија

На 11 јуни 2014 г. во лобито на Конгресен Центар на Скопскиот Саем се одржа Саемот за младинска работа, на кој присуствуваше Директорот на Агенцијата за млади и спорт, м-р Марјан Спасески. Покрај директорот на АМС, на конференцијата свое обраќање имаа и директорот на Националниот Демократски Институт (NDI) Крис Хеншоу и претседателот на Сојузот на младински работници, Стефан Маневски.

Печати

Јавен повик за волонтирање во Агенцијата за млади и спорт

вклучено . Објавено во Соопштенија

Врз основа на Законот за волонтерство (Сл. Весник на РМ бр. 85/07 и 161/08) и Програмата за волонтирање за 2014 година со арх.бр. 04-942/1 од 03.06.2014 година, донесена од Агенцијата за млади и спорта согласно заклучок на ВРМ бр.42-17/209 од 27.05.2014 година, Агенцијата објавува ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ

Печати

Агенција за млади и спорт во поддршка на Европскиот Куп на 10 000 метра

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес конференција на која директорот м-р Марјан Спасески, претседателот на Атлетската федерација на Македонија, г-дин Крсте Серафимовски, како и претставникот од европската атлетска федерација детално ги информираа претставниците на медиумите за престојниот Европскиот Куп во 10 000 метри.

Печати

Успешна реализација на проектот „Младинска професионална кујна”

вклучено . Објавено во Соопштенија

Со пригоден настан за подготовка и кетеринг на храна, денес во средното училиште за угостителство на Град Скопје, „Лазар Танев” успешно се реализираше проектот „Младинска професионална кујна” преку кој учениците од ова училиште ја промовираа мобилната апликација за кетеринг услуга. На настанот присуствуваа директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески, претставникот на Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) г-ѓа Луиза Винтон и директорот на училиштето, кои лично се уверија во бенефитите кои ги нуди оваа мобилна апликација.

Печати

Македонија домаќин на Европско првенство во кајак слалом за јуниори и сениори до 23 години

вклучено . Објавено во Соопштенија

Денес во просториите на Скопје Сити Мол се одржа прес-конференција по повод претстојното Европско првенство во кајак. Имено во периодот од 3 до 6 јули, Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство во кајак на диви води за јуниори и сениори до 23 години. На големиот настан за нашата земја кој ќе се одржи во Матка ќе учествуваат повеќе од 400 кајакари од 35 држави.

Печати

Одбележан меѓународниот ден на животната средина

вклучено . Објавено во Соопштенија

Со учеството на сите релевантни институции, но и на спортистите кои се со нас денес се обидуваме до младите луѓе да испратиме порака, но и да покажеме пример дека грижата за животната средина е неопходна за наше нормално функционирање и делување.

Печати

Kонференција ‘LOOK BEYOND’ Младинските организации ќе ја оценуваат улогата на програмата Млади во Акција

вклучено . Објавено во Соопштенија

Центар за меѓукултурен дијалог ви ја најавува LOOK BEYOND конференцијата, која ќе се одржи на 10 и 11 Јуни, во Конгресен центар на Скопски саем, во Скопје, Македонија.

‘Look Beyond’ е дводневна конференција и има за главна цел да ја анализира и оцени улогата на Европската програма за млади ‘Млади во акција’, врз развојот на младинската работа и младинската политика во Европа.

Дали меѓународните обуки ги поттикнаа младинските лидери повеќе да дејствуваат на локалните проблеми во заедниците? Колку меѓународните вмрежувања ги зајакнаа меѓукултурните врски на локално ниво? Кои се одржливите ефекти од 7 годишните партнерства, мобилност и едукација? Во двата дена практичарите ќе разговараат за овие и други предизвици креирајќи насоки за поуспешно искористување на новата Ерасмус плус програма.

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија