Facebook профил на Агенцијата за млади и спортYouTube канал на Агенцијата за млади и спорт

Печати

Средба АМС – ОБСЕ: Зајакнување на улогата на локалните младински совети

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams obse web 1 08

Подобрување на функционирањето на локалните младински совети како претставнички тела на младите е еден од приоритетите, се истакна на средбата меѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и Националниот програмски офицер на ОБСЕ Мисијата во Скопје, Јасмина Тодоровска – Митева.

Посочено е задоволството од фактот што Агенцијата за млади и спорт повторно става главен акцент на младите луѓе и решавањето на младинските проблеми.

Печати

Каевски на Илинденскиот пливачки маратон 2017

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams Plivacki maraton web 1

Во Охрид се одржа  традиционалниот "Илинденски пливачки маратон 2017".

Маратонот го отвори директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Тој ги поздрави присутните, упати честитки до пливачите за покажаниот спортски дух и нивната храброст.

Печати

Средба АМС – МОК: Јакнење на капацитетите на спортските работници е една од целите

вклучено . Објавено во Соопштенија

AMS MOK 01.08

Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски се сретна со претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Д-р Васил Тупуркоски и генералниот секретар, Д-р Сашо Поповски.

На средбата се разговараше за состојбите во македонскиот спорт.

Печати

Пречек на ракометарите на Македонија до 21 година

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams grupna rakomet web 1

Ракометарите на Македонија до 21 година пристигнаа во Скопје, по одличниот резултат на Светското првенство во Алжир – освоеното 6 место.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски заедно со претставници на Ракометната федерација на Македонија ги пречакаа ракометарите на Аеродромот во Скопје и им честитаа за постигнатиот успех.

Печати

Во Скопје започна ЕХФ Шампионатот за жени до 17 години

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams ehf logo

Република Македонија е домаќин на ЕХФ Шампионатот за жени, до 17 години кое започнува денес, во Скопје и ќе трае до 6-ти август.

Учествуваат десет репрезентации од Европа, поделени во две групи.

На официјалното отворање кое се одржа во Спортскиот рекреативен центар Калесе обрати директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

Печати

Средба АМС – МОФ: Повеќе средства за младите и функционалност на претставничките тела

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sredba dk

Денеска се одржа средба меѓу директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и претставници на Младинскиот oбразовен форум.

На средбата се разговараше за актуелните состојби поврзани со младите во Македонија.

Дона Костуранова, извршен директор на МОФ го презентираше проектот Мониторинг и унапредување на работата на Агенцијата за млади и спорт”.  Целта е да се истражи досегашната работа на АМС и да се дадат насоки за поголема функционалност на оваа институција.

Печати

Илинденскиот марш стартуваше од гробот на Гоце Делчев

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams ilind mars web 1

По повод националниот празник 2-ри август, Планинарската Федерација и Агенцијата за млади и спорт традиционално го организираат Илинденскиот марш “Илинден 2017.

По тој повод директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски во присуство на дел од групата планинари и челните луѓе на Планинарската федерација на Македонија положија свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев, со што и официјално  стартуваше планинарскиот марш.

Печати

Договор за соработка помеѓу АМС и Факултетот за безбедност

вклучено . Објавено во Соопштенија

ams sredba f bezb web 1

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски оствари работна средба со челните луѓе од Факултетот за безбедност, Продекан доц. д-р Марјан Ѓуровски и доц. д-р Јонче Ивановски.

Целта на разговорот беше договарање на соработка на факултетот со Агенцијата за млади и спорт, која ќе биде насочена кон зголемување на безбедноста во спортот, особено кај младите преку едукација, создавање професионален кадар, спроведување на истражувања од областа на безбедноста, како и развој и реализација на заеднички проекти.

Планирани се седум столбови на соработка:

Избери живот - избери спорт

Информатички спортски систем

Спортска академија