Средба во АМС во пресрет на реализација на младинска гаранција

Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа состанок на Директорот Дарко Каевски и националниот програмски координатор од Швајцарска амбасада во Македонија, Лилиан Кандикајн и Емилија Јованова Стоилкова од Швајцарската фондација за техничка соработка. Целта на состанокот беше насочен кон дискусија за младинската гаранција и начините за вклучување во процесот на реализација на проектот за младинска гаранција кој треба да започне со реализација од 1.септември, а кој треба да допринесе за намалување на стапката на невработеност кај младата популација и намалување на иселувањето на младата популација од државата.














