Директорт Мојсовски на средба со претставници на Националниот младински совет

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски денеска оствари работна средба со претставницитена Националниот младински совет, Бојан Петровски и Влатко Костовски.
На средбата Мојсовски ги презентираше приоритетите на АМС во периодот што претстои како што се имплементација на Законот за младинско учество и младински политики, воспоставување на регистар за млади, определување службеник за млади во секоја институција на национално и на локално ниво, изработка на нова стратегија за млади и акциски план, формирање на совет на млади во рамки на АМС и започнување на процесот зa формирање на локални младински совети.














